Вие сте тука: Почетна

На 20.10.2014 година (понеделник) со почеток во 16:00 часот во просториите на Државниот испитен центар ќе се одржи  испит за директор на средно училиште.
Заинтересираните кандидати кои обуката ја завршиле во Државниот испитен центар, треба да достават:

  • Пријава за полагање на испит (симни пријава);
  • Уплатница за испит за директор на сума од 3100,00 денари на сметка на Државниот испитен центар (види уплатница 1).

Кандидатите најдоцна до 17 октомври треба да ги достават пријавите за полагање до Државниот испитен центар лично или на факс 02 3228 866.

Кандидатите кои обуката ја завршиле пред 2010 година кај претходно акредитирани провајдери, покрај горенаведеното треба да достават и доказ за завршена обука за директор на средно училиште.

Кандидатите кои го положиле испитот за директор на средно училиште уверението може да го подигнат со приложување на уплатница за уплатени 500,00 денари на сметка на Државниот испитен центар (види уплатница 2).

На 16.10.2014 година (четврток) со почеток во 16:00 часот  во просториите на Државниот испитен центар ќе се одржи испит за директор на ОСНОВНО училиште.

Заинтересираните кандидати, треба да достават:

  • Пријава за полагање на испит (симни пријава);
  • Уплатница за испит за директор на сума од  3100,00 ден.  на сметка на Државниот испитен центар  (види уплатница 1).
  • Завршната семинарска работа во три печатени примероци
  • Шестте  семинарски работи изрежани на CD.

Кандидатите најдоцна два дена пред закажаниот испит треба да ги достават пријавите за полагање до Државниот испитен центар лично или на факс 02 3228 866.

Кандидатите кои го положиле испитот за директор на основно училиште уверението може да го подигнат со приложување на уплатница за уплатени 500,00 денари на сметка на Државниот испитен центар (види уплатница 2).

Кандидатите кои обуката ја завршиле пред 2010 година кај претходно акредитирани провајдери, покрај горенаведеното треба да достават  и доказ за завршена обука за директор на основно училиште.

За повеќе информации обратете се на тел. 02 3203 130

Во рамките на договорот за партнерство помеѓу Европската комисија за култура и Центарот за модерни јазици и Државниот испитен центар, советникот за странски јазици г-ѓа Трајанка Аврамоска на 24-25 септември 2014 г. во Европскиот центар  за модерни јазици во Грац, Австрија, учествуваше на средба насловена: „Поврзување на испитите по странски јазици со нивоата на постигања на Заедничката европска референтна рамка за јазиците: унапредување на проверка на квалитетот во образование  и поддршка на мобилност (РЕЛАНГ)“.

На средбата, со експертите и претставниците на останатите земји-учеснички, меѓу кои: Ерменија, Р. Ирска, Белгија, Литванија, Латвија  и  Република Македонија се дискутираше за ситуацијата со испитите по странските јазици восекоја од споменатите земји.
На 4-6 март 2015 година, во организација на Државниот испитен центар, а со поддршка на Советот  на Европа  и  Европскиот центар за модерни јазици, ќе се одржи работилница  на која ќе учествуваат наставници по англиски, француски, германски и руски јазик, изготвувачи на наставни програми, изготвувачи на испитни програми, креатори на задачи како и оценувачи.
Во текот на работилницата,  ќе се работи на поставување стандарди, креирање испитни задачи, применување на критериумите во оценување на отворени задачи следејќи ги принципите на поврзување на испитите со Заедничката европска референтна рамка за јазиците.

Страница 1 од 41